Бојан Трајковски потпиша за Гостивар!

Македонскиот репрезентативен центарр, Бојан Трајковски, потпиша договор со кој се обврза до крајот на сезонава да го носи дресот на Гостивар. Ова е огромно засилување за гостиварци пред завршницата од Купот на Македонија, а со Трајковски во составот, ќе имаат што да кажат и во суперлигата, веројатно и плејофот.

Трајковски откако се раздели со унгарски Атомерому Пакс, експресно си најде нов ангажман, и заедно со Џо Фустингер ќе бидат тандем кој ќе се бори на позициите крилен центар и центар, а во Гостивар ќе игра со репрезентативниот колега Александар Костоски.

Гостивар слободен овој викенд, а Бојан од понеделник ќе почне да тренира со својот нов клуб. Дебито ќе го има на 9 февруари, кога гостиварци во дербито во салата „Младост“ ќе го пречекаат МЗТ Скопје Аеродром, клубот чиј дрес Трајковски го носеше во минатата сзона.

- Оглас -

Најнови вести