Бока јуниорс го претрпе својот прв пораз сезонава во аргентинското првенство, загуби на свој терен од Расинг, а Ривер плејт се спасуваше од пораз на гостувањето кај Арсенал Саранди, но двата ривали од Буенос Аирес не се премногу загрижени, бидејќи се фокусирани на меѓусебната средба која се игра в среда рано наутро од Копа Либертадорес.
И Бока и Ривер синоќа играа со комбинирани состави, голем дел од главните играчи одмораа, па тоа го искористија нивните ривали. В среда, Бока ќе брка незгодна негатива од 0-2 во дуелот со ривалот од кој лани беше поразена во големото финале играно во Мадрид.
Расинг со гол на Сарачо, победи на „Ла Бомбониера“ со 1-0, и изби на второ место со два бода помалку од лидерот Бока, додека Ривер губеше 1-3, пред да даде два гола и да израмни на 3-3, освојувајќи бод со кој сега заостанува три бода зад Бока.
Ова е голот со кој Расинг ја совлада Бока: