1308 Леванте – Севилја (19.00 часот)
Леванте и Севилја се борат за опстанок во шпанската лига, а во претходното коло двата тима победија, па во овој дуел влегуваат со многу мотиви. Леванте е претпоследен на табелата, но има само пет бода помалку од Севилја, која во моментов е на 16-тото место, кое носи опстанок. Ова се двата тима со најмнгу примени голови во Ла Лига. Леванте дома е опасен во последно време, освои 10 бода од можни 12 на последните четири меча на свој терен. Во јануари Леванте како гостин ја победи Севилја со 3-0, но послединот пат кога се сретнаа во предградието на Валенсија, славеа Андалузијците.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.76)
1309 Рајо Ваљекано – Еспањол (20.00 часот)
На Рајо и Еспањол уште не им е гарантиран опстанокот, па им требаат бодовите. Рајо, кој има дадено само 29 гола на 31 меч, се наоѓа само на три бода над линијата за опстанок, а Еспањол има три бода повеќе од тимот на којшто му гостува вечерва. Еспањол нема победа уште од 22 декември. Рајо дома ретко губи, само двапати сезонава. Во декември, кога се сретнаа во Барселона, Еспањол победи со 1-0. Рајо дома уште од 2021 нема триумф над Еспањол.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.90)
2833 Штутгарт – Фрајбург (20.45 часот)
Ова е полуфинале на Купот на Германија, се игра еден меч. Победникот во финалето ќе биде аутсајдер, со оглед на тоа дека другиот финалист ќе биде Баерн Минхен. Играњето дома треба да биде предност за Штутгарт, тим кој дома повеќе од три месеци не играл нерешено. Фрајбург умее да биде опасен гостин, славеше на последните три гостувања, од кои две во Бундеслигата и едно во Лигата на Европа. Фрајбург не дал гол и редовно губел на последните три лигашки гостувања кај Штутгарт.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.13)
1632 ПСВ – Цволе (21.00 часот)
Тимот од Ајндховен веќе ја осигури титулата во холандската лига, па може опуштено да ги одигра последните четири меча и со своите фанови да ја прослави титулата. Цволе теоретски нема осигурано опстанок, но не е сериозно загрозен во моментов, има седум бода предност. ПСВ е тим кој редовно дава барем два гола на натпреварите во холандската лига, а Цволе пет кола по ред прима гол. Поминаа 13 години од последниот пат кога Цволе од Ајндховен се врати со помалку од три примени гола.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.69)
1310 Овиедо – Виљареал (21.30 часот)
Овиедо мора да продолжи да победува ако сака опстанок во шпанската елита. Последни се, но имаат три победи последните четири кола и не се отпишани. Виљареал е трет и не може да оди ни погоре ни подолу по овој меч. Овиедо на свој терен сезонава има постигнато само 7 гола на 15 средби, но и примил скромни 14 гола. Во првиот нивен дуел сезонава, Жолтата подморница триумфираше со 2-0, Овиедо никогаш не го победил Виљареал во прволигашки меч.
Предлог тип: НГ & 0-2 (2.22)

