Боксер опишува како доживеал нокаут од Коронавирусот: Се распаѓав, а покрај мене гледав како луѓето ги врзуваа

Златко Дошљак е некогашен боксерски првак во Србија и капитен на Црвена ѕвезда. Искусниот 36-годишен спортиста не очекувал дека најтешката битка во животот ќе ја има со Коронавирусот.

„Првите симптоми ми се појавија на 29 јуни, а само неколку часа подоцна имав и температура над 38 степени. Се изолирав во станот и останав таму неколку дена. Се јавив во болницата Бежанијска коса, ми дадоа антибиотици и ме вратија дома затоа што немав некои посериозни симптоми. Ме тестираа на вирусот и по три дена ми кажаа дека сум позитивен. Потоа почна лошото. Останав без воздух, едвај заминав до Инфективната клиника. Бидејќи немаше место во Белград, ме испратија во Смедерево, каде бев примен во многу лоша состојба. Кога дополнително ми се влоши состојбата ме пратија во КБЦ Драгиша Мишовиќ. Десет дена не можев да спијам, не можев да јадам, имав грчеви, главата многу ме болеше мислев дека ќе ми експлодира. Дури по неколку дена успеав да заспијам“, вели боксерот, кој додаде дека додека бил во болницата видел многу лоши работи.

„Секакви работи се изнагледав додека бев во болниците. Има и агресивни пациенти кои мораше да ги врзуваат. Се чувствував многу лошо бидејќи морав да ги гледам тие работи. Кога ќе ја подигнев главата гледав луѓе кои беа во многу лоша состојба. Издржав поради мојот син. Знаев дека морам да оздравам и повторно да го прегрнам“, раскажува Дошљак кој со својата голгота помината сака да ги предупреди сите дека Коронавирусот е многу опасен и затоа мора сите луѓе да внимаваат и да го чуваат своето здравје.

- Оглас -

Најнови вести