Италијанската Анџела Карини по само 46 секунди се повлече од дуелот против алжирската репрезентативка Иман Келиф, која лани падна на тестот за пол. Карини не можеше да ја издржи силата на ударите на противничката и се повлече од борбата која траеше само 46 секунди. По тепачката, Карини со солзи го напушти рингот.
„Никогаш во животот не сум била толку силно удирана. На Меѓународниот олимписки комитет е задача да процени. Ова за мене не е пораз, иако не успеав, бидејќи веќе не можев да се борам. По толку силни удари морав да ставам точка и да го прекинам. Таква болка немав почувствувано и реков дека е доста“, рече Карини по скандалозната борба во осминафиналето на боксерскиот турнир на ЛОИ во Париз.
https://twitter.com/i/status/1818963801695535174
Келиф која е прогласена за победничка во дуелот со Карини, минатата година беше подложена на тест за одредување пол и беше докажано дека има зголемени машки XY хромозоми, па беше дисквалификувана. И покрај високите нивоа на тестостерон во прикажаните тестови, ИОК дозволи нивно учество, иако никогаш не се декларирале како трансродови.