Боксерска легенда го победи Ковид-19 и порача: Медицинскиот персонал се вистинските шампиони

Роберто Дуран е една од најголемите легенди во историјата на боксот, а успеа да ја победи и досега најсериозната животна битка откако беше хоспитализиран во Панама сити со симптоми на корона-вирус.

По 8 дена е здрав и ја напушти болницата, а им се заблагодари на медицинарите за нивната пожртвуваност.

„Јас бев боксерски првак, но тоа не е ништо во споредба со напорот на докторите и медицинските сестри, целиот персонал што се бори против ковид-19. Ви благодарам, вие сте светски шампиони во битките за живот“, изјави Дурам, кој има 69 години.

Панамецот е вистинска жива легенда на племенитата вештина и беше светски првак дури во четири категории во професионалната боксерска кариера.

Ги имаше во својата богата колекција светските титули во лесна, велтер, полусредна и во средна категорија, што е вистинска реткост.

Дуран 119 пати беше во рингот како професионалец и забележа 103 победи, 70 од нив со нокаут. Особено легендарни се неговите бокс-мечеви со Реј Шугар Леонард во трилогијата од 80-те години на минатиот век.

- Оглас -

Најнови вести