Боксерски спектакл во најава: Мекгрегор против Пакјао, на кого би се обложиле?

Ирската ѕвезда од мешаните боречки вештини, Конор Мекгрегор, вечерва на „Твитер“ објави дека нема да чека понуда за враќање во октагонот, и најави боксерска пресметка со легендарниот Филипинец Мани Пакјао кој е првак во велтер категорија и еден од најдобрите фајтери во историјата на боксот.

Според популарниот Мекгрегор, битката со 41-годишниот Пакјао ќе се одржи некаде во Азија, во земјите од средниот Исток. Ако ова се обвистини, а изгледа шансите се големи бидејќи Мекгрегор објави видео на кое се гледа дека тренира во боксерски ринг, тоа ќе биде втор боксерски спектакл на кој ќе настапи Конор, откако во 2017 година загуби од боксерскиот шампион во лесна категорија, Флојд Мејведер.

Засега од Пакјао нема одговор, но за фановите евентуалниот дуел на Ирецот и Филипинецот би бил супер интересен.

- Оглас -

Најнови вести