Владимир Вајс е нов селектор на Словачка

Словачкиот стручњак, 61-годишниот Владимир Вајс, по вторпат во својата кариера стана селектор на својата татковина.

Вајс ја водеше Словачка во периодот од 2008 до 2012 година и тогаш го обезбеди првиот пласман на таа земја на Светското првенство, каде што во 2010 година во Јужноафриканската Република стигна до осминафиналето.

На селекторската клупа на Словачка, Вајс го наследи Италијанецот Франческо Калцона, кој поднесе оставка минатиот месец, откако преку дополнителните квалификации не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Словачка испадна во полуфиналето по поразот од Косово.

Под водство на Калцона, Словачка во 2024 година настапи на Европското првенство, каде што во осминафиналето беше елиминирана од Англија по продолженија.

- Оглас -

Најнови вести