Ал-Наср и Ал-Хилал одиграа драматично реми 1-1 во дербито од 33-то коло во шампионатот на Саудиска Арабија, во меч кој можеше да ја реши титулата.
Тимот предводен од Жорге Жезус беше на чекор до историски триумф пред своите навивачи, што ќе значеше прва титула по седум години, но пропушти огромна шанса во самиот финиш.
Во составот на Ал-Наср настапуваат ѕвезди како Кристијано Роналдо, Марсело Брозовиќ, Садио Мане и Жоао Феликс, кои беа на само неколку секунди од шампионската прослава.
Домашните поведоа во 37-та минута кога Мохамед Симакан по асистенција од Кингсли Коман ја погоди мрежата на гостите и донесе водство од 1-0.
И покрај поголемиот посед на топка, Ал-Хилал долго немаше конкретни шанси, сè до последните моменти од натпреварот.
Во буквално последниот напад, по едно нафрлување од десната страна, дојде до лоша комуникација меѓу голманот Бентo и дефанзивецот Мартинез, по што падна несреќен автогол за конечни 1-1.
Иако титулата не е заверена, Ал-Наср и понатаму останува во одлична позиција, има пет бода предност и еден натпревар до крајот, додека Ал-Хилал има уште два меча за играње, па борбата за шампионската круна останува отворена до самиот крај.

