Саутемптон по продолженија избори пласман во ‘мечот на годината’ за влез во Премиер лигата

Саутемптон се пласира во финалето на плејофот од Чемпионшип, откако по продолженија го совлада Мидлзбoро со 2-1 во драматичен реванш натпревар.

По првиот меч без голови (0-0), вечерашниот дуел донесе многу повеќе возбуда и пресврти.

Мидлзборо поведе уште во петтата минута преку Мекгри, по асистенција на Бритен, шокирајќи го домаќинот.

Саутемптон возврати во финишот на првото полувреме. По удар на Стјуарт и одбрана на голманот, на одбиената топка најбрзо реагираше истиот играч и израмни на 1-1.

Во второто полувреме темпото падна, а двата тима повеќе внимаваа да не направат грешка, па победникот мораше да се решава во продолженија.

Клучниот момент се случи во 117-та минута, кога обид за центаршут на Чарлс заврши несреќно за гостите, топката ги измами дефанзивците и голманот и заврши во мрежата за 2-1.

Со овој гол Саутемптон обезбеди место во големото финале, каде ќе се сретне со Хал сити. Финалето се смета за едно од најскапите натпревари во светскиот фудбал, поради огромната вредност на пласманот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести