Болеше поразот од Израел, а денес јуниорите се посрамотија против Франција

Машката кошаркарска селекција на Македонија до 18 година, го претрпе вториот пораз во два дена на јуниорското ЕП. Овојпат избраниците на Симиќ беа декласирани од силната Франција со недостижни 104:47.

Уште по првата четвртина беше јасно дека овој пораз многу повеќе ќе боли од вчерашниот против Израел. Македонија се најде во негатива од дури 24 поени по првите 10 минути при резултат од 39:15 во корист на Французите. Уште послабо издание покажаа нашите кошаркари во вториот период во кој постигнаа скромни шест поени.

Пред влезот во завршниот период, Франција водеше со нереални 89:29, односно +60 поени беше разликата во нивна корист, за на крајот да се радуваат на огромна победа.

Башкоски со 12 поени беше светла точка во нашиот состав, со 19 поени Кулибали ги предводеше Французите.

- Оглас -

Најнови вести