Глупоста на Белгиецот одложи два меча на гигантот – Боли има негативен тест, Селтик најави дека допрва ќе го боли

Менаџерот на Селтик, Нил Ленон, најави драстична казна за белгискиот фудбалер Боли Болинголи, кој направи голема глупост со патувањето во Шпанија непосредно пред мечот викендов против Килмарнок, со што ги прекрши и клупските правила, но и препораките на кризниот штаб на Велика Британија.

Болинголи си заминал без дозвола од клубот и потоа не пријави дека бил во Шпанија, па и настапи против Килмарнок како резерва.

Потоа се откри дека 25-годишниот Белгиец кришум отпатувал за Шпанија, што е спротивно и на препораките на британската влада за 14-дневен карантин по враќањето во Шкотска.

„Ова е убедливо најлошото однесување на фудбалер што сум го видел во мојот живот. Не само што не загрози сите нас, туку и целото првенство. Ќе има казна, ќе видиме каква ќе биде“, изјави Ленон.

Ефектот е поразителен за Селтик, два меча на шкотскиот гигант се одложени поради глупоста на Боли, а раководството на шкотската лига се закани и дека може привремено да го прекине првенството.

Селтик сигурно ќе го казни драстично 25-годишниот играч, а навивачите бараат и да му се даде отказ.

 

- Оглас -

Најнови вести