Боли прво фрли 600 милиони евра за засилувања, а сега направи список од 14 фудбалери кои можат да си одат од „Стемфорд бриџ“

Сопственикот на Челси, Тод Боли, заедно со управата на клубот, одлучија дека во наредниот период екипата може да ја напуштат дури 14 фудбалери.

Американскиот милијардер откако минатото лето го купи Челси од Роман Абрамович, во двата преодни рока потроши повеќе од 600 милиони долари, сега е подготвен за драстичен рез во екипата и да се ослободи од голем дел фудбалери со цел тимот да не западне во проблеми со финансискиот ферплеј на УЕФА.

Според англиските медиуми, на листата за отстрел се наоѓаат сите фудбалери на кои им истекува договорот во 2024 година и не сакаат да го продолжат, а тоа се Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус Чик, Пјер-Емерик Обамејанг, Сезар Аспликуета и Тијаго Силва.

Меѓу фудбалерите на кои им истекува е и Нголо Канте, па реално е и Французинот од следната сезона да игра за друг тим.

Не се сигурни ниту играчите на кои им истекуваат договорите во 2025 година и доколку не стават параф на нови, налето би требало да бидат ставени на странфер листата и Каи Хаверц, Бен Чилвел, Едуар Менди, Хаким Зијеш и Кепа.

Англиските медиуми шпекулираат дека налето сигурно би си заминале најмалку шест фудбалери, а во јануари идната година и сите останати кои нема да потпишат нови договори со цел екипата да заработи на нивните трансфери.

- Оглас -

Најнови вести