Боли веќе е миленик на фан-базата на Челзи (фото)

Градското дерби меѓу Челзи и Тотенхем кое започна во овие моменти на „Стемфорд бриџ“, беше прилика за навивачите на Челзи да го отпоздрават новиот сопственик Тод Боли. За Сините ова е прв меч на домашен натпревар сезонава, па се правеше шоу бидејќи гостуваат Петлите кои се лути соседи од северниот дел на Лондон.

Иако Американецот кон крајот на минатата сезона застана на чело на лондонскиот клуб, ова беше негово прво лето под целосна команда, а транспарентите се знак на благодарност за посветеноста која Боли ја покажа кон клубот.

Веднаш отпочна со големи вложувања, пред сè во засилување на тимот кој го води Томас Тухел. Веќе се најавени реновирања на стадионот, што само потврдува колку Боли се залага да го одржи реномето на двокраниот европски првак.

- Оглас -

Најнови вести