Болидите на Ред бул се плашат само од Леклер и од возачот кој беше шампион пред повеќе од 15 години

Во Саудиска Арабија попладнево ќе се одржат квалификациите за втората трка од сезоната во Формула 1 шампионатот, а секако дека прв фаворит е актуелниот првак Макс Ферстапен. Холанѓанецот синоќа беше најбрз на вториот тренинг, а интересно е дека веднаш зад него, со второ најдобро време беше Фернандо Алонсо.

Алонсо исто како и Ферстапен има две светски титули, но тој доминираше во Ф1 во 2005 и 2006 година, за сега по повеќе од 15 години повторно да биде меѓу најдобрите и фаворитите за висок пласман.

Освен двајцата светски прваци, во битка за пол-ползицијата треба да се вклучат и Шарл Леклер од Ферари, како и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Според квотите во Sport Life, речиси е неверојатно некој друг освен овие четворица да се бори за стартната позиција на утрешната трка.

- Оглас -

Најнови вести