Болна е повредата на мускулот, Пандев не игра и денеска против Сасуоло

Горан Пандев ќе го пропушти и вториот меч за Џенова во новата година и не отпатува за Реџо Емилија со тимот што ќе се обиде да го изненади фаворизираниот Саусоло.

Капитенот на малкедонската репрезентација се уште ја санира повредата на мускулот, поради која го пропушти и дуелот со Лацио пред три дена.

Пандев нема да настапи на „Мапеи“ во Реџо Емилија, а следна шанса да го одигра првиот меч во 2021 година за Џенова ќе му биде пресметката со Болоња на 9. јануари на Мараси.

Ветеранот и еден од клулните играчи на Џенова во битката за опстанок се повреди на дуелот со Специја игран на 23. декември и оттогаш го минува процесот на ребалитација.

Џенова пред денешното гостување кај Сасуоло е на претпоследното место во Серија А со 11 бода, колку што имаат и Специја и Торино пшо 15 кола. Зад нив е само Кротоне, екипа која ќе и биде домаќин на Рома во денешното 16. коло во италијанската Прва лига.

 

- Оглас -

Најнови вести