„Болницата“ во Реал се прошири, Зидан има само 12 здрави фудбалери

Зинедин Зидан буквално остана без избор во составување на екипата за дуелот против Хетафе кој е закажан за вторник навечер.

Болницата во Реал се прошири, по што на францускиот стратег му останаа само 12 здрави фудбалери, од кои двајца се голманите Тибо Куртоа и Андреј Лунин.

На веќе повредените Азар, Карвахал, Рамос, Родриго, Валверде, Лукас, се додадоа Ордиосола и Едер Милитао, додека пак Тони Крос е суспендиран поради што собра пет жолти картони по вчерашната победа на Уеска.

Зидан ќе мора да посегне по младинскиот погон со цел да има резерви на клупата доколку му се потребни, а до вторник неговите здрави играчи ќе мора да бидат претпазливи да не создадат дополнителни проблеми.

- Оглас -

Најнови вести