Болт одбра со кои тројца фудбалери би трчал на штафета 4 пати по 100 метри

Легендарниот атлетичар Јусејн Болт откако ја заврши професионалната кариера, имаше голема желба да стане и фудбалер на високо ниво. Болт неколку пати се појави на тренинзите на Манчестер јунајтед и на Борусија Дортмунд, но тоа беше само за шоу.

Најбрзиот човек во атлетиката заигра во австралиското првенство, но по неколку меча се откажа. Се обиде да најде ангажман во Европа, но откако не успеа, сфати дека не може да игра на врвно ниво.

Ако се работи за сменети улоги, односно фудбалерите да станат атлетичари, Болт без двоумење одбра тројца играчи со кои би трчал на штафета 4 пати по 100 метри. Меѓу избраните на Болт се три големи фудбалски ѕвезди.

„Ако треба да одберам тројца фудбалери кои би биле дел од мојата штафета на 4 пати по 10 метри, кого би го одбрал? Тоа би биле Кристијано Роналдо, Килјан Мбапе и Герет Бејл“, откри Бејл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести