Бомба: Македонец ќе биде селектор на светскиот шампион во фудбал?

Македонецот Влатко Андоновски, кој работи како тренер на фудбалскиот клуб Реин од Сиетл, е еден од најсериозните кандидати за преземање на функцијата селектор на националниот тим на САД во женска конкуренција.

Американките се светски првенки и ако 43-годишниот скопјанец добие доверба, ќе има чест да го води најсилниот тим во светот, предводен од најголемите ѕвезди Алекс Морган и Меган Рапино, која игра за Реин и одлично е запозната со стилот на работа на Влатко. Рапино смета дека Андоновски има тактичка флексибилност, одлично ја познава играта, сака да победува. Нејзините зборови може да бидат клучни во изборот.

 

Андоновски е поранешен член на Работнички, Вардар и Македонија Ѓорче Петров, а од 2000 година е во САД. Тој со семејството живее во Канзас сити, а од лани е тренер на тимот Реин од Сиетл.

Селекторот Џил Елис од следниот месец веќе нема да биде на кормилото, па Андоновски се спомнува како најсериозен кандидат.

„Зарем постои тренер кој не би сакал да биде селектор на најдобриот женски тим на светот? Се разбира дека ми годи што ме спомнуваат како еден од кандидатите за селектор на САД, но во моментов сум фокусиран на работата во мојот клуб и битката за влез во плејофот“, изјави Андоновски.

- Оглас -

Најнови вести