Бомба на годината: Ибра сака да игра на Европско првенство!?

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан, кој со 39 години блеска на терените во Италија, деновиве е многу активен на социјалните мрежи, а денеска ги интригираше фановите дека би можел да има евентуално враќање во националниот тим на Европското првенство следната година, објавувајќи слика во дрес на Шведска со коментар: „Долго време не сме се виделе”.

Ова е фотографијата која покрена лавина од коментари.

Ибра повеќе од четири години нема играно за „Трите круни“, последниот настап му беше ЕП 2016. За својата земја одигра 115 меча и даде 62 гола. На ЕП 2021 Шведска е во група со Шпанија, Полска и победникот од баражот Северна Ирска – Словачка. Интересно е што селекторот Јане Андерсон изјави дека не знае зошто Златан ја објавил фотографијата и дека не се слушнал со него, па не знае дали Ибра сака да игра на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести