Бомба на грчки медиум: Црвена ѕвезда му нуди 2,7 милиони евра за Никола Миротиќ!

Црвена ѕвезда со понуда од 2,7 милиони евра годишно влегува во трка за потписот на Никола Миротиќ.

Црногорецот со шпански пасош е принуден да си оди од Барселона и да бара нова средина, а интерес за него има од Армани Милано, Анадолу Ефес, сега во трката се вклучуваат и белградските Црвено-бели.

Миротиќ по Реал Мадрид, замина во НБА-лигата, па се врати во Европа, и тоа во Барса, а ако се обвистини шпекулацијата дека може да се пресели во Ѕвезда, тоа би бил најскап трансфер во историјата на АБА-лигата.

Вечерва од 19 часот Црвена ѕвезда го пречекува Партизан во четвртиот меч од финалето на АБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести