Бомба од Италија: Гвардиола во Јувентус во следните четири години

Пеп Гвардиола од следната година ќе биде тренер на Јувентус. Италијанскиот новинар Луиџи Гуелпа открива дека дознал дека Пеп Гвардиола веќе постигнал усмен договор со италијанскиот првак и од следната сезона тој ќе биде предводник на „старата дама“. Луиџи  вели дека оваа информација му е од истиот извор кој лани му потврди дека Кристијано Роналдо ќе потпише со Јувентус, а подоцна тоа и се случи.

„Точно е дека Пеп Гвардиола се договорил со Јувентус. Тоа ми го потврди истата личност која минатата година ми потврди дека Кристијано Роналдо ќе биде нов играч на Јувентус“, објаснува новинарот Гуелпа, а пренесуваат голем број на светски медиуми.

Јувентус доминира во италијанското првенство, но целта на екипата е да ја освои Лигата на шампионите. Пред две недели, „старата дама“ загуби од Атлетико Мадрид со 2:0 на гости и сега ќе има тешка задача да ја анулира оваа негатива на реваншот во Торино. По тој пораз во Мадрид, тренерот Масимилијано Алегри доби жестоки критики од челниците на клубот. Тренерот се скара со првите луѓе на Јувентус и беше најавено негово заминување на крајот од сезоната.

Гвардиола има договор со Манчестер сити до 2021 година, но можно е да се реши за нов предизвик во кариерата. Шпанскиот стратег бил шампион во Шпанија со Барселона, со Баерн во Германија и со Сити во Англија, но досега никогаш не водел клуб од Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести