Бомба од НБА – Леброн Џејмс нема да го продолжи договорот со Лејкерс, сака да игра со синот Брони

Леброн Џејмс ќе игра за Лос Анџелес само уште една сезона, идната 2022/23, кога ќе биде слободен агент и се најавува дека ќе си замине.

Кралот на кошарката, според добро упатени извори во НБА-лигата, нема да го продолжи договорот со Езерџиите, а се најавува дека ќе игра за тим што ќе го ангажира неговиот син Брони Џејмс.

Леброн пристигна во Лос Анџелес лејкерс во 2018 година со договор тежок 154 милиони долари, а го обнови во 2020 година, веднаш по освојувањето на титулата во НБА и тогаш доби 85 милиони долари за следните две години.

За следната сезона му следуваат 44,5 милиони долари, а Лејкерс најавија дека во август на 37-годишниот кошаркар ќе му понудат двегодишно продолжување на договорот за сума од околу 97 милиони долари.

Сега е објавено дека најверојатно Џејмс ќе одлучи да биде слободен агент веќе во текот на идната година и дека ќе игра за тимот што ќе го одбере на драфт неговиот син Брони.

 

 

- Оглас -

Најнови вести