24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

„Бомба“ од Шпанија, Барселона добива супер засилување!

Рахим Стерлинг ќе биде нов играч на Барселона во јануари, ако може да се верува на каталонските медиуми.

Англискиот репрезентативец и член на Манчестер сити во наредниот трансфер период ќе дојде како позајмен играч, а истиот потоа ќе може да биде откупен за 60 милиони евра.

Стерлинг падна во втор план кај Пеп Гвардиола и наводно нема ништо против овој трансфер, а таква е и намерата на „граѓаните“. Барса се обиде во летниот период да го доведе истиот играч, но, до договор не дојде. Сепак, клубовите продолжија со преговарање и според последните информации, истите одат во одличен тек.

Репрезентативецот на Англија во Манчестер дојде од Ливерпул и на 297 одиграни натпревари има постигнато 115 гола.

- Оглас -

Најнови вести