Бомба од Шпанија: Икер Касилјас се развел со Сара поради Бугарка! (Фото)

Шпанските медиуми сензационално откриваат дека причина за разводот на некогашниот голман Икер Касилјас со неговата сопруга, новинарката Сара Карбонеро, е неверството на Икер, кој од 2019 година бил во тајна врска со бугарскиот модел Надја Александрова.

Надја има 29 години и работи во автомобилскиот бизнис, но позната е и како инфлуенсерка на „Инстаграм“, а за авантурата на Икер со неа се дознало од пријател на Бугарката. На една телевизиска емисија ја вклучија Надја во живо и таа даде изјава.

„Од каде слушнаве за тоа? Мајко моја. Малкумина знаеја. Икер ми верува, се плашам како ќе реагира сега. Односите ни се сложени, не сме во љубовна врска, но многу сме блиски и си требаме еден на друг. Заедно сме две години и тешко беше да ја чуваме тајната“, призна Бугарката.

Според неа, пропаста на бракот на Икер и Сара не е нејзина вина.

„Јас не сум причината за разводот. Тие не живееја како сопружници. Не се чувствувам како некој што уништила брак и семејство“, вели Александрова.

- Оглас -

Најнови вести