„Бомба“ во договорот на Даниеле Де Роси со Бока (Видео)

Даниеле Де Роси потпиша договор со Бока јуниорс до 2021 година, и со тоа завршија шпекулациите дека неговата намера е во клубот од Буенос Аирес да остане само шест месеци и да игра само колку да се каже.

Де Роси веќе одржа тренинг со новиот клуб, а беше претставен како нов играч, и тоа со спектакуларен клип во кој ветеранот ги кажува работите кои го привлекле да се пресели далеку од дома.

„Моето срце е за Рома, но уште од дете сум ја симпатизирал и Бока, поради Марадона, поради публиката, стадионот. Клубот е формиран од Италијанци, и затоа ќе се чувствувам како дома. Бока е голем клуб во кој треба да се верува. Ќе ми биде задоволство кога како играч на Бока ќе се качувам по скалите од кои се излегува на теренот на Ла Бомбониера“ – рече Де Роси.

- Оглас -

Најнови вести