Бомба во НБА: Вестбрук стана Езерџија!

Расел Вестбрук е новото звучно име на ЛА лејкерс за кого 17-кратниот НБА-првак ги жртвуваше Кајл Кузма, Монтрез Харел, Кентавиус Калдвел-Поуп и 22-риот пик на овогодинешниот драфт, Ајзеа Џексон. Езерџиите со Вестбрук ги добија пиковите на Вашингтон визардс од вторите рунди на драфтовите во 2024 и 2028 година.

Искусниот плејмејкер и поранешен МВП доаѓа во родниот Лос Анџелес, каде што заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис креира „голема тројка“, со која Лејкерси најавуваат атак на НБА-тронот. Размената ќе биде официјализирана дури на 6 август, кога ќе се отвори пазарот во НБА-лигата.

Џејмс се чини дека е најсреќен од овој трејд и за тоа се пофали на „Инстаграм“ споделувајќи фотографија од новото трио на Езерџиите.

- Оглас -

Најнови вести