Бон Џови ја откри тајната на Баерн – Цела вечер пиеја виски и следниот ден го разбија Челзи

Ќе им направм проблеми ако ви раскажам, но играчите на Баерн пиеја виски и пиво една вечер пред мечот со Челзи и излегоа на терен и го разбија противникот, вели познатиот рокер, Џон Бон Џови.

Тој бил во истиот хотел со играчите на германскиот шампион, кои очигледно немаат проблем со пиењето и фудбалот во комбинација.

Една вечер подоцна го декласираа Челзи со 3:0 на „Стемфорд бриџ“, па очигледно е дека пиењето виски и пиво со добар фудбал е добитна комбинација за Баварците.

Серж Гнабри со два гола блескаше на мечот во Лондон. Рамо до рамо со него беше Роберт Левандовски со две асистенции и гол, но и Дејвис, Милер, Алкантара и целиот состав на германскиот шампион, кој има голема предност пред реваншот на 18 март во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести