Пред три години Челзи го одби Луис Енрике со образложение дека „не е доволно добар“

Луис Енрике прави вистински чуда со Пари Сен Жермен. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата во Лигата на шампионите, а оваа сезона има шанса да ја одбрани во финалето против Арсенал.

Сепак, сè можеше да биде поинаку доколку во 2023 година раководството на Челзи дадеше „зелено светло“ за негово доаѓање. Наместо тоа, го одбиле сметајќи дека не е доволно добар за таа функција.

Ангажирањето на Луис Енрике се покажало како еден од најдобрите потези на ПСЖ. Шпанскиот стратег го однесе клубот до европскиот врв, а светот на фудбалот денес се восхитува на неговите тактички решенија.

Во 2023 година Енрике отпатувал во Лондон на разговори со челниците на Челзи и одржал детална презентација за својата визија и плановите за секој играч, но на крајот добил негативен одговор.

Наместо него, на клупата на Челзи тогаш пристигна Маурисио Покетино, кој остана само една сезона, по што клубот продолжи со промени и нестабилни резултати.

Подоцна тимот го презедоа Енцо Мареска и Лијам Розениор, но составот продолжи да бележи слаби резултати.

Спротивно на тоа, Енрике во ПСЖ ја наметна својата филозофија и веќе освои 11 трофеи за три сезони, а таа бројка може дополнително да расте.

- Оглас -

Најнови вести