Бонучи беше прогласен за МВП на финалето, а потоа на Англичаните им ја испрати најболната порака (Видео)

Италија повеќе од 50 години чекаше за повторно да се израдува на трофејот на Европското првенство и тоа го направи синоќа на легендарниот „Вембли“, откако во финалето го победи домаќинот Англија. Пеналите решаваа кој ќе биде новиот европски првак откако по регуларните 90 минути беше 1:1, а во пенал-серијата Аѕурите беа подобри со 3:2.

За најдобар играч на финалето беше прогласен дефанзивецот на Итлаија, Леонардо Бонучи. Искусниот 34-годишен Бонучи стана најстариот фудбалер кој дал гол во финале на ЕП, а трофејот за МВП го заслужи со тоа што одигра беспрекорно во одбраната, а успеа во нападот да го постигне голот за 1:1. Бонучи беше прецизен и во пенал-рулетот.

По завршување на финалето, Бонучи не можеше да не им упати порака на Англичаните, кои во текот на целиот турнир пееја „Ќе се врати дома“, мислејќи на пехарот наменет за европскиот првак. Бонучи истрча до камерата која го снимаше и почна да пее „Доаѓа во Рим, доаѓа во Рим“.

https://youtu.be/NKxK4B0tiLI

 

- Оглас -

Најнови вести