Бонучи со судијата си прави „да пукне“ за време на дербито против Интер (Видео)

Јувентус во неделата го победи Интер со 2:1 и на тој начин актуелниот италијански првак се искачи на чело на табелата во Серија А, додека тимот од „Џузепе Меаца“ падна на второто место. Старата дама до победата стигна со голот на Гонзало Игуаин во 80 минута, а интересна ситуација се случи само неколку минути претходно.

Во еден момент, дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи тргна кон главниот судија Џанлука Роки и му направи „да пукне“, на што арбитарот ја испружи раката и се поздрави.

https://twitter.com/ACForzaMilano/status/1181198835416272897

Ваквиот потег на судијата Роки наиде на истри критики од страна на навивачите на Интер, кои сметаат дека арбитрите мора да бидат неутрални и дека не требало да биде прифатена раката за поздрав подадена од Бонучи.

 

- Оглас -

Најнови вести