Борба Мејведер – Пакјао во декември?

Еден од најдобрите и најбогати боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, најави дека кон крајот на оваа година би можел да се врати во рингот. Мејведер кој моментно е во Јапонија и го промовира својот бренд ТМТ, налета на Мани Пакјао, си разменија по неколку провокативни зборови, а потоа Американецот на Инстаграм најави борба со Филипинецот.

Мејведер го победи Пакјао во мај 2015 година со едногласна одлука на судиите, а потоа се појави уште двапати и ги совлада Андре Берт и лани во август против легендарниот ММА борец, Конор Мекгрегор.

„Се враќам за да се борам против Мани Пакјао оваа година. Уште една деветоцифрена исплата за мене“ – напиша Мејведер кој во профи кариерата има 50 победи и никогаш не загубил.

Мејведер има 41, а „Пак-мен“ 39 години, двајцата се ветерани, па интересно би било да се види дали Пакјао може да му го нанесе првиот пораз на Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести