Борба за врвот во Тетово – Шкендија секогаш е фаворит на свој терен

Лидерот Шкендија ќе го пречека Шкупи во дербито на првопласираните две екипи во Прва македонска фудбалска лига. По досега одиграните 11 кола, Шкендија е лидер со 25 бода, додека чаирчани освоија 23 бодови и со евентуална победа на гостувањето во Тетово, би биле нови лидери во шампионатот.

Шкендија сезонава во пет меча има две победи и три нерешени, додека Шкупи на гости е половичен и има по две победи и порази и едно реми. Историјата на меѓусебните дуели покажува дека на три од последните четири средби на овие екипи, имало барем по четири погодоци.

Освен дербито во Тетово, попладнево се игра и скопски дуел меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров. Работнички имапет нерешени и еден пораз во последните шест кола, додека тимот од Ѓорче Петров бележи подобри резултати.

Силекс е голем фаворит против Беласица, додека Струга Трим Лум во петте меча на свој терен има четири победи и еден нерешен резултат. Интересен и без изразит фаворит треба да биде и дуелот во Струмица меѓу Академија Пандев и Пелистер.

 

- Оглас -

Најнови вести