Борец го подготвува фенерот за шампионот во Велес

Борец има многу проблеми при кам-бекот во Првата лига и е единствената екипа без постигнат гол по три одиграни кола, па денеска во дербито на дното, сака да приреди сензација против актуелниот првак Шкендија.

Ова ќе биде прва прволигашка пресметка меѓу двете екипи, а фаворит е Шкендија, но и тетовци се во криза и многу лошо ја почнаа новата сезона.

По експресната елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите и Европа Лигата, кризата се префрли и на домашната сцена, па Шкендија е претпоследна по трите стартни рунди со само еден бод и еден постигнат гол. Тетовци најавуваат пресврт и брзо бегство од долниот дел на табелата, но и Борец си има свои сметки и адути, а со победа може да им го препушти местото фенерџија на денешните ривали.

Второто дерби ќе се игра во Скопје, а Работнички ќе се обиде да ја сопре серијата од три порази по ред во дуелите со лидерот Академија Пандев. Струмичани стартуваа одлично имаат 7 бода на врвот на табелата и се уште не примиле гол.

Во еуфоричмно расположение се и стружани, а нивниот фудбалски миленик Струга Трим Лум бележи одлични резултати. Со две победи и еден пораз новиот прволигаш е третопласиран на табелата, а на гости му доаѓа Шкупи, кој остана без тренер, по заминувањето на Умит Каран. Фарук Јонуз ќе се обиде како привремено решение на клупата на чаирчани да забележи позитивен резултат.

Во последниот меч денеска од 4. коло Македонија Ѓорче Петров ќе се обиде да ја продолжи серијата добри резултати и во првенството и против Силекс. „Лавовите“ немаат пораз од денешнито ривал на последните четири меѓусебни дуели, но во Кратово, Силекс секогаше е незгден ривал за сите прволигаши.

Утре во Тетово ќе се игра уште едно дерби од ова коло, а ќе се судрат Ренова и Вардар. Сите мечеви ќе се играат од 16.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести