Борецот Махачев во стил на Мис на светот: Нема да ја славам победата, запрете ја војната!

УФЦ шампионот во лесна категорија, Ислам Махачев, откако на спектакуларен начин го нокаутираше Александар Волкановски, не беше еуфоричен, победата ја прими како нешто најнормално, а објасни и зошто не славеле како што би прославил секој друг кој би бил на негово место.

„Нема да прославувам вечерва. Знаеме сите каква лудост се случува во светот. Палестина, со вас сме. Запрете ја војната!“ – порача Дагестанецот Махачев.

- Оглас -

Најнови вести