Ова е нокаутот по кој Волкановски беше немоќен како никогаш претходно (Видео)

Само 3 минути и 6 секунди траеше борбата за титула во лесна категорија во ултимејт фајт. Ислам Махачев на атрактивен начин го нокаутираше Александар Волкановски во Абу Даби и го задржа појасот во лесна категорија.

Русинот со левата нога го удри Австралиецот по глава и го разниша, по што му остана само полесниот дел и со серија удари го докрајчи својот противник кој веќе беше на земја и немоќен како никогаш порано во кариерата во која доминира во перолесна категорија, додека лесната категорија е нешто друго.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести