Борјан подрани со делење новогодишен подарок, му подари водство на Мароко (Видео)

Мароко рано поведе против Канада со 1-0 и во моментов го држи првото место во група во која се и актуелниот светски вицепрвак Хрватска и најдобрата европска селекција според ранг-листата на ФИФА, Белгија.

Канадскиот голман Милан Борјан истрча напред и направи голема грешка во додавањето, со што му помогна на Хаким Зијех со шут од 35 метри да го погоди празниот гол. Канада е тим кој го даде најбрзиот гол на ова СП, а го прими вториот најбрз.

Во 23-тата минута, Ел Несири зголеми на 2-0, па Мароко со една нога е осминафиналист.

Погледнете го киксот на чуварот на мрежата на Црвена ѕвезда:

https://twitter.com/i/status/1598332356527636480

- Оглас -

Најнови вести