Борко го одговори прашалникот на Димевски (Фото)

Голманот на РК Вардар 1961, Борко Ристовски, му одговори на претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, кој како реакција на денешната прес-конференција на голманот на Црвено-црните, реагираше на чудно, на официјалната фејсбук страница на МОК, објави прашалник, а притоа напиша дека е личен негов став.

Ристовски денеска на прес-конференцијата изјави дека на одлуката на МОК да го суспендира на четири години, ќе жали во Спортскиот суд во Лозана и ако го добие спорот, парите од оштетата ќе ги донира на фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар.

Димевски како одговор на прес-конференцијата на Ристовски, преку официјалната фејсбук страница на МОК објави прашалник кој треба сите да го одговорат, а се однесува за Ристовски.

Голманот на Вардар, веднаш го одговори прашалникот на Димевски.

1. Дали знаете човек за кого Борко кажал добар збор?

– За сите оние кои што се чесни!

2. Колку пати треба да му биде дозволено на Борко да навредува, да клевети и да се заканува на сè и секому:

– Се додека криминалците како тебе на завршат во затвор.

3. Сите Вие истакнати спортисти, спортски легенди, претседатели на спортски федерации итн, дали го одобрувате, не го одобрувате или го осудувате однесувањето на Ристовски.

– Неважно е кој и дали одобрува… Важно е да се плаќа 100 денари месечен закуп за локал од 700 квадрати.

4. Дали би се однесувал Борко исто да немаше политичка поддршка и дали нешто кажал пред да почне политичка агенда?

– Борко настапува како Борко Ристовски.

Прашање за политичарите (минати, сегашни, идни), дали ќе го унапредите спортот со: Навреди, Клевети или Закани

– Првиот чекор е ТИ да не си во МОК!

- Оглас -

Најнови вести