Борнмут никогаш немаше победено на „Олд Трафорд“, денеска надомести за цела негативна историја (Видео)

Борнмут славеше убедливо со 3-0 на гости против Манчестер јунајтед, што за Црешите е прв триумф на „Олд Трафорд“ во нивната историја.

Борнмут има четири победи и едно реми на последните пет меча, па оддеднаш од тим кој е заглавен на дното и се бори за опстанок, се претвори во машина за победи. Црвените ѓаволи и по 16 кола уште немаат играно нерешено.

Шефилд јунајтед дојде до втората победа сезонава, го победи Брентфорд со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести