Борнмут со победата исправи судиска грешка

Борнмут го совлада Кристал палас со 2-1 во единствениот премиерлигашки меч вечерва. За Борнмут ова е четврта победа, а за Палас ова е четврти пораз сезонава.

Дејвид Брукс, кој го донесе домашниот тим во водство од 1-0, стана најмлад стрелец во историјата на Борнмут со 21 година и 84 дена.

Во второто полувреме, единствениот шут кој беше упатен во рамките на голот, заврши во мрежата на Борнмут. Стрелец на израмнувачкиот гол за Кристал палас беше Патрик ван Анхолт. Но, според снимките, а и на оваа фотографија се гледа дека Холанѓанецот кога ја прими топката, беше во недозволена позиција. Судиите не го поништија голот, иако се гледа дека е офсајд.

Во 84-тата минута, во игра кај домашните влезе Џуниор Станислас. Овој фудбалер паузираше пет месеци, се врати во минатото коло, а сега ја доби довербата во 87-мата минута да го изведе пеналот, по глупавиот фаул на Мамаду Сако над Џеферсон Лерма. Станислас беше прецизен и на својот тим му донесе голема радост.

- Оглас -

Најнови вести