Борусија Дортмунд донесе „златно дете“ како замена за Санчо

Борусија Дортмунд повторно во своите редови носи млад, но докажан фудбалер. Долен Мален е напаѓачот на ПСВ Ајндховен, кој за 30 милиони евра ќе го облече дресот на Борусија Дортмунд, а треба да биде замена за Џејдон Санчо, кој замина во Манчестер јунајтед.

Мален има само 21 година, но веќе има 199 меча за ПСВ во кои постигнал 88 гола, а има и 36 асистенции. За првиот тим на гигантот од Ајндховен одигра 116 средби, во кои има биланс од 55 гола и 24 асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести