Борусија Дортмунд го назначи Нури Шахин за наследник на Един Терзиќ

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд официјално го назначи Нури Шахин за нов тренер. На функцијата тој ќе го наследи Един Терзиќ, кој си замина од функцијата.

Шахин ќе потпише договор со клубот до 2027 година и ќе ја предводи следната сезона во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

„Голема чест е за мене што ја преземам тренерската функција на Борусија Дортмунд. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за довербата што ми ја дадоа. Со нетрпение очекувам да зачекорам во мојата нова улога. Од првиот ден ќе направиме сѐ со многу енергија и голема страст за да постигнеме максимален успех“, изјави Нури Шахин за официјалниот сајт на клубот.

- Оглас -

Најнови вести