Борусија Дортмунд го „таксаше“ Нико Ковач за тренер

Хрватскиот тренер Нико Ковач е главен кандидат за преземање на тренерската функција во Борусија Дортмунд. Заминувањето на Луцијан Февр е извесно бидејќи не го исполни условот кој му беше даден кога дојде во Борусија во 2018 година, а тоа е да освои значаен трофеј.

Милионерите уште пред неколку месеци го имале првиот контакт со Ковач, а по поразот од Баерн, работата е забрзана. Битката за титулата во Бундеслигата е практично готова, а на Февр му се замерува и за лошите измени кои ги направи на дербито. И самиот тренер на Борусија меѓу редови најави дека по завршувањето на сезонава, ќе си оди.

„Не читам весници, но знам што се случува. Со месеци се зборува за моја смена. За неколку недели ќе кажам што мислам, дотогаш ќе бидам мирен и ќе верувам во себе“, изјави Швајцарецот Февр.

Ковач како тренер на Баерн ги освои Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија, а претходно и со Ајнтрахт го освои Купот.

 

- Оглас -

Најнови вести