Борусија Дортмунд и Хофенхајм приредија спектакл со пет гола во второто полувреме

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 во првиот меч од третото коло на Бундеслигата. По првото полувреме резултатот беше 0-0, а потоа стрелците се распукаа.

Американецот Џовани Рејна кој со 18 години и 9 месеци стана најмлад играч во историјата со 50 настапи во германското првенство, ги донесе Милионерите во водство. Гостите изедначија, а еден друг 18-годишен играч чиј мајчин јазик е англискиот, Џад Белингам, ја врати Борусија во водство.

Дабур влезе во игра во 83-та минута, а во 90-та минута изедначи на 2-2. Но, Жолто-црните веднаш се освестија од шокот, и со гол на Халанд во 91-ва минута, сепак победија во овој супер интересен и напнат меч.

- Оглас -

Најнови вести