Борусија Дортмунд минимално со 1:0 победи на гости кај Хофенхајм и со овие три бода, Милионерите се искачинја на првото место на табелата во Бундеслигата. Борусија сега има 46 бодови, три повеќе од Баерн Минхен и Унион Берлин кои утре играат во дербито на колото.
Со ова искачување на врвот на табелата, Борусија Дортмунд прекина една долга низа од 1.274 денови како не биле лидери во Бундеслигата. Последен пат тоа беше на 31 август 2019 година, а сега Милионерите може да уживаат најмалку 24 часа дека ќе бидат на првото место.
Борусија Дортмунд во 2023 година игра фантастично и реди само победи во сите натпреварувања.

