Борусија Дортмунд целосно го откупи Алкасер

Пако Алкасер ќе остане играч на Борусија Дортмунд откако „милионерите“ ја искористија опцијата во целот да го откупат неговиот договор од Барселона. Шпанскиот првак од овој трансфер ќе заработи 23 милиони евра, додека на сметка ќе им „легнат“ уште пет милиони евра како бонус.

Шпанскиот напаѓач пристигна на „Сигнал Идуна парк“ како позајмен играч минатото лето, а откако ја пронајде својата голгетерска форма „милионерите“ ја искористија опцијата да го задржат Алкасер во своите редови.

Алкасер сезонава се истакна како еден од најопасните голгетери во Бундеслигата, постигнувајќи 12 погодоци иако само на пет меча настапи како стартер. Неговиот придонес е клучен за Дортмунд во трката за шампионската титула. По 19 натпревари во германскиот шампионат, Дортмунд е лидер со 48 бода и шест повеќе од Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести