Борусија Гладбах е гладна за успех, не мрда од врвот на Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах повторно има четири бода повеќе од Лајпциг и Баерн во битката за титулата во германскиот фудбалски шампионат. Борусија победи со 3-1 против Вердер, и до крајот на месецов ќе биде на челната позиција во Бундеслигата.

Бенсебаини и Херман погодија во 20-та и 22-ра минута за комотни 2-0, но во 53-та минута, беше досуден пенал за гостите.

Тоа беше клучен момент, бидејќи откако Класен утна, поточно Швајцарецот Зомер го одбрани неговиот шут од белата точка, кај Вердер како да спласнаа надежите оти може да направат пресврт, па шест минути подоцна Херман даде уште гол за чисти 3-0. Вердер почесниот гол го даде во судиското продолжение.

Бенсебаини даде дебитантски гол, а доби и прв црвен картон. Херман има четири гола и две асистенции во само осум настапи, а во целата претходна сезона имаше пет голови и асистенции заедно.

- Оглас -

Најнови вести