Борусија го нокаутираше Баерн и го освои Суперкупот на Германија (Видео)

Борусија Дортмунд го освои Суперкупот на Германија, откако со 2:0 славеше против Баерн Минхен. На дуелот одигран во Дортмунд, Милионерите во текот на целиот меч беа поконкретни и на крајот само потврдија дека и во новата сезона ќе бидат голем ривал на Баерн во трката за титулата во Бундеслигата.

Баерн ги освои првенството и Купот од минатата сезона, но Борусија која лани заврши на второто место во Бундеслигата, потврди дека има квалитет. Во првото полувреме немаше погодоци само поради одличнит еодбрани на голманот на Баерн, Мануел Нојер.

Сепак, отпорот на шампионот беше скршен на почетокот на второто полувреме. Санчо успеа да помине неколку противнички играчи, а потоа асистираше на Пако Алкасар, кој шутираше од околу 20 метри и погоди за 1:0 и голема радост на поголем дел од навивачите.

Во продолжение на дуелот, Баерн се обиде да израмни, а тоа остави „дупка“ во одбраната на гигантот од Минхен. Во една таква ситуација, Санчо доби топка и во контра напад истрча неколку десетини метри, а на крајот успеа да го матира Нојер по втор пат и потврди дека победата и трофејот од Суперкупот е за Борусија Дортмунд.

За Баерн остана статистиката дека имаа 67 отсто посед на топка, дека имаа 16 удари кон противничкиот гол, од кои седум беа во рамката, но ниту еден не заврши во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести