Борусија има бек со двојно повеќе голови од Меси, Роналдо, Бензема и Гриезман заедно

Ашраф Хакими е јунакот на победата по пресвртот на Борусија Дортмунд против Интер од 3-2. На спектаклот на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд гостите водеа со 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел Хакими погоди не еднаш, туку двапати и Борусија освои огромни два бода кои може да ја однесат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Хакими е играч на Реал Мадрид и како позајмен настапува за Борусија. Основната задача не му е да дава голови, но сезонава и тоа го прави повеќе од успешно. Сезонава во ЛШ, Ашраф сам има дадено двојно повеќе голови (4) отколку топ-напаѓачите Меси, Кристијано Риналдо, Бензема и Гриезман заедно (овие четворица заедно имаат два гола).

- Оглас -

Најнови вести