Борусија лесно ќе го победи „редовниот пациент“

3001 Милан – Лацио (18 ч.)

Двете екипи одлично стартуваа и по првите две кола имаат две победи. Лацио покажа дека има страшен напад и даде дури девет голови, но и Милан не е лош и досега пет пати ја тресеше мрежата на противниците.

Ако се знае дека и на последните четири меѓусебни дуели, имало барем по три погодоци, може на „Сан Сиро“ да очекуваме интересен меч, полн со голови. Во последните 10 меча, Милан и Лацио имаат по три победи, а четири средби завршиле без победник.

Предлог тип: ГГ3+ (1.94)

 

1809 Борусија М. – Арминија Б. (19.30 ч.)

Борусија Менхенгладбах го има еден од најлошите стартови во Бундеслигата и по три меча освои само еден бод. За разлика од нив, Арминија одигра три нерешени средби во кои покажа дека одбраната ќе биде најсилно оружје на тимот од Билефелд.

Домаќините ќе се потпрат на традицијата која вели дека имаат 11 победи во последните 13 меча со овој ривал. Во првото коло Борусија дома одигра 1:1 против Баерн, па сега не би требало да е некоја поголема задача да ги освои трите бода.

Предлог тип: 1-1 (2.30)

 

3002 Рома – Сасуоло (20:45 ч.)

Ова ќе биде посебен меч за тренерот на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот по јубилеен 1.000 пат ќе биде на тренерската клупа, па сигурно домашните фудбалери ќе бидат посебно мотивирани да му подарат победа на шефот. Во одлична форма е Римската волчица и има пет победи во последните пет меча кои ги одигра, а во просек дава над три погодоци.

Не треба да се заборави дека Сасуоло е опасен ривал кој во последните пет меча со Рома има само еден пораз, но сепак денеска се очекува радост на „Олимпико“.

Предлог тип: 1&3+ (2.11)

 

1307 Кадис – Реал Сосиедад (18:30 ч.)

Без дилема, гостите се фаворити за победа. Кадис освои само два бода по трите кола, во кои и даде и прими барем по еден погодок. Сосиедад има солидна одбрана, но сепак кога игра на гости знае да биде ранлива.

Двојката е добра варијанта, но сепак може да се одигра и на погодоци. На четири од последните пет меѓусебни дуели имало по најмалку четири голови, што е најава за интересна пресметка.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.24)

 

1924 Лугано – Базел (16:30 ч.)

Ако сакате да играте на голови, шавјарското првенство е едно од омилените. На последните три меча на Лугано беа постигнати вкупно 16 гола, а на дури седум од последните 10 дуели што ги одигра Базел имаше барем по четири погодоци (две завршија и со 7+).

Поради отворената игра, но и расположените голгетери, тука повторно може да очекуваме натпревар со многу погодоци.

Предлог тип: 2+ I & 2+ II (4.25)

 

- Оглас -

Најнови вести